Дарови светог Јована Владимира

 

От кад’ одиш, млад делијо?
Весел одиш, весел пејеш!
Кој ти даде то веселие?
„Даде ми го свети Јован
„Свети Јован от Елбасан –
„И ти да си жив и весел!“

От кад’ одиш, богаташе?
Весел одиш с полни руци!
Кој ти даде полни руци?
„Даде ми ги свети Јован
„Свети Јован от Елбасан –
„И ти да си жив и богат!“

От кад’ одиш, стара бако?
Брго одиш като мома!
Кој ти така крепост даде ?
„Даде ми е свети Јован
„Свети Јован от Елбасан –
„И ти да си жив и крепок!“

От кад одиш, аргат мори?
Кој ти зема мрак со чело ?
Кој ти даде лицето светло
Ама светло като солнце?
„Мрак ми с чело светец зема
„И даде ми лицето светло
„Свети Јован от Елбасан –
„И ти да си жив и светел!“

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.